City Tower

Објектот е конципиран како објект со локали и деловни простории до кота +16.80m и објект за домување од кота +16.80m во 12 катови.Пристапот до објектот е поделен на пешачки од улиците Манапо, Љубљанска и Новопроектирана и моторизиран преку катната гаража во состав на Skopje City Mall. Во приземјето е предвиден влез со репрезентативна рецепција, независен од локалите и деловните простории кој го насочува движењето кон групното домување преку скалиште и четири лифта, од кои два товарни, додека влезот од катната гаража е контролиран од безбедносна служба активна 24h. Подрумскиот дел е наменет за паркирање и технички простории.
Тип на проектЛокацијаGBAАрхитектКлиент
Станбено - деловен проектКарпош 3, Скопје17,000 м2ДСЦ ДизајнСАД-КОМ ДОО

Галерија